Градскиот ракометен клуб Охрид ќе биде 2-ра година по ред дел од Европската сцена и ќе ги претставува Охрид и Македонија во ЕХФ Европскиот Куп, овојпат како носител.

ГРК Охрид стартува од второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, каде за противник ќе ја има екипата на Баки од Азербејџан. Натпреварите се играат на 11 и 12 октомври (двете на домашен терен) од 18:00 часот.

Бидете 8-ми играч на екипата и дел од овој спектакл во СРЦ Билјанини Извори!, велат од клубот.

Билети за натпреварот може да се набават онлајн на линкот, а ќе бидат во продажба и на билетарата при СРЦ “Билјанини извори” само на 10, 11 и 12 октомври.

Напомена: Сезонските билети не важат за натпреварите од ЕХФ Европскиот Куп.

OhridNews