Од денес, 27- ми јануари, во продажба се билетите за новиот, втор дел од проектот Стендап Револуција, 90 минутен комичен материјал на Никола Тодороски кој повторно ќе ги забавува и засмејува до солзи охриѓани осврнувајќи се на настаните кои го одбележаа изминатиот период.
Претстојниот настан е дел од проектот Стендап Револуција кој Никола го започна во декември минатата година. Предизвикот кој си го постави Никола со овој проект е секој месец од декември 2014 до јуни 2015 да пишува нов материјал од по 90 минути, нешто што само по себе е револуционерно и никогаш не е направено до сега, а со тоа да придонесе за подигање на нивото на хуморот во рамките на целата држава.
Сите оние кои сакаат да поминат 90 минути во одлично расположение и забава билетите за Стендап револуцијата што ќе се одржи во Центарот за култура во петок, 30- ти јануари со почеток во 20 часот, ќе можат да ги набават по популарна цена од 150 денари на билетарницата при Центарот на култура.
OhridNews












