Во продажба се пуштени картите за натпреварите од групата 4 од Купот на Македонија, што ќе се одиграат во сабота, 23 март, во салата „Билјанини извори“ во Охрид:
10:30 ч. Скопје 2020 – Охрид
12:30 ч. Е. Пелистер – Кумановo
19:30 ч. Финале.

Блок картите за сите натпревари по цена од 200 денари се продаваат в чаршија кај Аждер и на билетарата во салата „Билјанини извори“.

Карти за поединечни натпревари нема да се продаваат, а за групната фаза од Купот не важат сезонските карти!

OhridNews