Повеќе полицајци се повредени, а најмалку еден е пренесен во болницата, јави Си-Ен-Ен.

Дел од американските медиуми јавија дека една жена е повредено од огнено оружје.

Претходно, полицијата ја заклучи зградата на Капитол и почна да ги изведува надвор демонстрантите, а пратениците се евакуирани и одведени на безбедно место.

Американскиот претседател Доналд Трамп издаде наредба Националната гарда и другите федерални безбедносни служби да се вклучат во обезбедување на Капитол.

Џонатан Хофман, главниот портпарол на Пентагон, потврди дека Националната гарда е мобилизирана.

Лидерот на демократите во Сенатот Чак Шумер и спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси издадоа заедничко соопштение во кое го повикуваат претседателот Доналд Трамп да побара од демонстрантите веднаш да се повлечат.

И новизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, во кратко обраќање денеска од Вилмингтон, Делавер го повика Доналд Трамп, претседател во заминување, да отстапи. 

Шефот на државата пак одговори веднаш со видео на Твитер испратено до протестантите кои денеска по негов говор во центарот на Вашингтон, упаднаа во зградата на Конгресот. 

Ја знам вашата болка, знам дека сте повредени, знаеме дека изборите беа украдени.. но треба да си одите дома сега, треба да има мир. Мора да имам поредок и да ги почитуваме луѓето од поредокот. Не сакам никој да биде повреден, порача тој. 

Додаде дека САД поминуваат тешко време „со тоа што ни го одзедоа, од сите нас“. 

Ова беа фалсификувани избори, но не можеме да се справиме со овие луѓе. Знам како се чуствувате, како другите беа третирани, но одете дома во мир, кажа Трамп

Советник на Белата куќа изјави за Си-Ен-Ен дека некои соработници на Трамп се бесни што претседателот не сака да стори повеќе за да ги запре демонстрантите на Капитол.

OhridNews