
-Геодетските елаборати во најголема мера им недостигаа на охриѓани при поднесување на документите за легализација на незаконски подигнатите градби. За ваквата категорија луѓе кои внимавале само на запазување на рокот но не и на материјалите што ги поднесуваат, дадовме грејс период во кој треба да обезбедат целосни документи. За останатите жители кои сакаат да озаконат дивоградба, постапката за легализација продолжува, појаснува Бранко Арнаудов од ресорниот сектор.
Во процесот на легализација без прекин работат две комисии кои два пати неделно излегуваат на лице место. Предметите кои се во согласност со законот се решаваат позитивно, а оние кои противречат понесуваат негативна одлука.












