Владејачката партија, ВМРО, ДПМНЕ, во првиот круг на локалните избори освои 25, СДСМ и ДУИ по четири и Демократската партија на Турците едно градоначалничко место.

Во 45 општини градоначалниците ќе се избираат во вториот круг што ќе се одржи за две недели, а во осум општини ДИК се уште ги обработува податоците.

Кооалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО ДПМНЕ во првиот круг освои градоначалнички места во општините: Аеродром, Битола, Босилово, Бутел, Валандово, Василево, Виница, Гази Баба, Ѓорче Петров, Градско, Демир Капија, Другово, Кавадарци, Кичево, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Новаци, Пехчево, Прилеп, Пробиштип, Ранковце, Свети Николе, Штип и Центар Жупа.

СДСМ освои градоначалнички места во Куманово, Струмица, Вранештица и Дебрца. ДУИ ќе има свои градоначалници во Зајас, Осломеј, Дебар и Сарај, а ДПТ во Центар Жупа.

OHRIDNEWS