Во првото пријавување од првиот уписен рок се запишаа 13 137  од вкупно 22 900 ученици кои завршија осмо одделение. Меѓу нив се 9735 ученици за настава на македонски наставен јазик, 3137 за настава на албански, 149 ученици за настава на турски, еден ученик за настава на српски наставен јазик и 115 повторувачи.

Од нив, 5 780 ученици се запишани во гимназиско образование, а 7 311 во стручно образование. Слободни места за второто пријавување во првиот уписен рок има за вкупно 20 523  ученици, од кои 5 611 во гимназиско образование и 14 890 во стручно образование.

Во вкупниот број на запишани ученици и слободни места за второто пријавување, не е пресметан бројот на учениците од средните музички училишта, средното училиште за применета уметност и средното училиште за спортска гимназија, бидејќи учениците во тие училишта полагаат дополнителни испити.

Слободни места за запишување на ученици за второто пријавување во првиот уписен рок има во јавните средни училишта во сите општини во Република Македонија. Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се врши на 1 и 2 јули, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 4 јули 2013  година.

OhridNews