Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2017 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 7.7% и изнесува 5 866 живородени деца. Бројот на умрените лица, во третото тримесечје од 2017 година, бележи зголемување од 3.4% во споредба со истото тримесечје од 2016 година и изнесува 4 823 лица, а од нив 64 се умрени доенчиња. Во првите девет месеци од годинава во Македонија починале 185 доенчиња.

Во ова тримесечје од 2017 година во Охрид се родиле 78 лица, а починале 101. Склучени биле 109 бракови, а разведени биле 8.

OhridNews