Според податоците од Државниот завод за статистика, во првото тромесечје од 2014 бројот на склучени бракови е намален за 10.2% во споредба со истиот период од 2013 година и изнесува 2 597 бракови. Разведените бракови во ова тримесечје од годината бележат зголемување во споредба со истиот период од 2013 година и нивниот број изнесува 576.
Во општина Охрид, во првите три месеци од 2014, биле склучени 58 бракови, а се развеле 39 брачни парови. Во општина Струга бројот на разводи е помал споредено со Охрид. Во истиот период склучени се 68 бракови, а разведени 17.
OhridNews