Деновиве, во Рим се одржува шестиот по ред  состанок на државите на Конвенцијата за прекугранични водни басени и езера, на која учествува и македонска делегација.

Во пресрет на Конвенцијата се одржа работна средба за развој на иницијативи за прекугранични ресурси во Медитеранот и на Балканот на која изврши презентација Дејан Пановски од Дрим Кор Групата.

Пановски реферираше за успехот на Дримскиот процес, особено од аспект на потпишаниот Договор меѓу петте земји и секако од аспект на одобрениот проект за управување со Дрим од страна на Глобалниот Еколошки Фонд.

Пановски побара да се осигура инволвираноста на сите сектори во процесот, посебно енергетскиот како најкритичен во управувањето со Дрим кој влијае и на водниот статус и режим на Охридското Езеро. Тој реферираше и за почитување на Унеско конвенцијата, напоменувајки дека нормално е да се очекува економски и енергетски развој во регионот, но притоа мора да се почитуваат и спроведат сите еколошки стандарди за заштита на вредностите заради кои овој регион е и важен и препознатлив.

Преставниците на Конвенцијата го поздравија напредокот и одобрувањето на Дримскиот проект посочувајки дека е тоа еден од најважните настани во регионот.

OhridNews