Македонската “А“ селекција ги заврши подготвките во Охрид за квалификациските дуели со Русија во сабота и Естонија во среда. Денес во време на одигрување на натпреварот ќе го одржат единствениот тренинг на стадионот на Локомотив во Москва. Натпреварот против Русија се игра во 17 часот по македонско време .

Не треба да се залажуваме Руската репрезентација е далеку поквалитетна од нашата ,не очекува еден тежок натпревар , но нашиот колектив е тој кој ќе треба да понесе товарот .
„Мора максимално концентрирани да влеземе во натпреварот против еден од фаворитите во нашата група.Имаме цврста одбрана и сигурно преку контри ке се обидеме да ги изненадиме“,  вели Горан Пандев .


Нашиот најголем адут – Горан Пандев

Дали на овој против Русија или во среда против Естонија прашање на време е кога Пандев ќе биде прекомандуван во самиот шпиц на нападот. На последниот трениг токму  тоа се работеше , а друштво на Пандев во шпицот му правеше Стојков.

„Пробувавме некои варијатни на тренингот, но за мене не е важно на која позиција ќе играм, дали во средината или во нападот. Кога и да го носам националниот дрес го давам максимумот и се трудам да придонесам за успехот на нашата репрезентација, а за тоа каде ќе играм одлучува селекторот“, додава  Пандев

Последниот трениг на Билјанини со намален интензитет го одработи Николче Новески кој се здоби со удар во мускулот и неговиот настап е неизвесен. Според доктор Камиловски до сабота се ќе биде во ред, но за настапот на Новески ќе се одлучи во Русија. Неговото место во одбранбената тројка за очекување е да го завземе Васоски.

Пандев против Реал ,Вердер и Олимпијакос во ЛШ

Горан Пандев во наредната сезона ќе биде единствениот македонец кој ке настапува во Лигата на Шампиони. Горан го живее сонот на секој фудбалер, настап во елитната лига.

„Секој играч сонува да игра во ЛШ, мене тој сон ми се оствари. По тешкиот двомеч против Динамо сосема заслужено се пласиравме во натпреварувањето во групи“, вели Пандев .

 Не само што ќе игра во Лигата на Шампиони туку Горан Пандев ќе има ретка можност да истрча на „Сантијаго Бернабеу“ против “Лос Бланкос“. По неколку сезони поминати во Лацио се чини дека годинава заедно со Томазо Роки ја најдоаа вистинската формула за успех и покрај тешката група небесно сините имаат свој „есап“.

„Се најдовме во тешка група со Реал , Вердер и Олимпијакос, имаме свои адути и мислам дека може да ги изненадиме Вердер и Олимпијакос“, рече Пандев

Првите натпрвари во ЛШ се играат на 19 септмеври а Лацио на првиот натпревар ќе игра против Олимпијакос во Грција .

М. Постоловки