ЈП „Охридски Kомуналец” на 24 јуни, сабота, ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З.14 Радојца Новичиќ.
Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 24 јуни и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот. Кабастиот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или други пристапни места предвидени за подигнување комунален отпад, велат од претпријатието.
Воедно потенцираат дека ова е последна акција од пролетниот циклус согласно годишниот календар на акции за подигање кабаст и зелен отпад за 2023 година, додавајќи дека со есенскиот циклус продолжуваат од 2 септември.
OhridNews