Еколошка акција за чистење на дното на Охридско Езеро од цврст отпад “ОХРИД ЕКО 2025” ќе се одржи на 10 мај, сабота. На истата според организаторот, Нуркачкиот центар „Амфора“, учество ќе земат нуркачи од Македонија и Балканскиот регион.

Акцијата е за отстранување на пластика, метал и друг отпад од езерското дно, а целта е заштита на биодиверзитетот, подигнување на свеста и зачувување на природната убавина на eзерото, велат од Нуркачкиот центар „Амфора“.

Акцијата ќе се одвива на неколку локации: Градско пристаниште, Љубаништа, Залив на коските, камп Градиште, Калишта и истата се реализира четврта година по ред.

OhridNews