Во сабота ГФК Охрид Лихнидос на домашен терен ја пречекува екипата на Тетекс од Тетово во во рамки на 27-то коло од  Втората лига – запад.

Ова за нив ќе биде последниот натпревар на домашен терен во натпреварувачката сезона. Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Билјанини извори“ од 17 часот, а влезот ќе биде слободен.

Инаку, на табелата ГФК Охрид Лихнидос моментално е на седмата позиција со 29 бодови.

OhridNews