Во пресрет на Светскиот ден на крводарителството, сабота во периодот од 09:00 до 16:00 часот на платото помеѓу „Спорт лајф“ и ТЦ АМАМ, Црвениот крст Охрид во соработка со Одделението за трансфузиона медицина и спортската обложувалница, организира крводарителска акција проследена со хепенинг.

Во рамките на настанот ќе бидат презентирани активностите на ЦК Охрид, а забавниот дел ќе го предводи Елена Ристеска и други познати охридски пејачи.

За најсреќните десет крводарители кои ќе бидат извлечени со наградна игра, Спортската обложувалница „Спорт лајф“ обезбеди вредни награди, а за сите крводарители следува подарок.

Исто така, хуманоста на овој ден, ќе можат да ја покажат и сите оние кои ќе се приклучат на хуманитарната акција „Заедно за еден детски живот”, со донирање на парични средства во собирните каси на Црвен крст Охрид, наменети за лекување на 11 годишно момче од Охрид.

OhridNews

Во пресрет на Светскиот ден на крводарителството, сабота во периодот од 09:00 до 16:00 часот на платото помеѓу „Спорт лајф“ и ТЦ АМАМ, Црвениот крст Охрид во соработка со Одделението за трансфузиона медицина организира крводарителска акција просленеа до хепенинг.

Во рамките на настанот ќе бидат презентирани активностите на ЦК Охрид, а забавниот дел ќе го предводи Елена Ристеска и други познати охридски пејачи.

За најсреќните десет крводарители кои ќе бидат извлечени со наградна игра, Спортската обложувалница „Спорт лајф“ обезбеди вредни награди, а сите крводарители обезбеден е подарок.

Исто така, хуманоста на овој ден, Ќе можат да ја покажат и сите посетители, приклучувајЌи се на хуманитарната акција „Заедно за еден детски живот”, со донирање на парични средства во собирните каси на Црвен крст Охрид кои Ќе бидат поставени на местото на одржување на настанот.