Хуманитарна продажна акција на плоштадот „Крушевска Република“ (Чинар) организира Црвен крст Охрид во рамки на своите хуманитарни активности во соработка со компанија од Прилеп.

Дел од средствата собрани од продажбата на производите ќе бидат наменети за помош на ранливите категории на граѓани во Охрид, како и на бегалците од Украина кои престојуваат во нашиот град, информираат од ОО Црвен крст Охрид.

Од организацијата додаваат дека во периодот од 9-17 ч. ќе бидат изложени познатите производи на компанијата постелнини, перници, јоргани, душеци и др., а посетителите ќе имаат единствена можност истите да ги набават по промотивно-хуманитарни цени.

Акцијата ќе се реализира во сабота на 21 мај.

OhridNews