За да се избегне еколошка катастрофа на акумулацијата Слатино , на 08 јуни во сабота ќе се изврши излов на рибата од езерото. Изловот се врши согласно даденото мислење на ЈНУ Хидробиолошки институт, а по одлука на Министерот за земјоделие и решение на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Рибата ќе се излови со влак под надзор на преставници од ЈНУ Хидробиолошки завод и Државен инспектор за рибарство.
Уловените крупни примероци,потенцијални матици, од видот на автохтонен крап Цѕпринус царпио ќе бидат пренесени во езерцето- биофилтер, во дворното место на ЈНУ Хидробиолошки завод, каде ќе престојуваат се до момент на разрешување на проблемот.
Останатите ситни риби од сите видови кои ќе бидат уловени ќе бидат префрлени во „Требенишко Езеро“ и во останатите водни токови во сливното подрачје на Охридско Езеро.
Евентуално присутни неавхтони видови во ловината ќе бидат отстранети.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com