Со цел обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид, Црвен крст Охрид организира крводарителска акција која ќе се реализира на 14-ти септември, сабота, во просториите на НУ Центар за култура „Григор Прличев“. Акцијата ќе се спроведе во периодот од 9 до 14 часот.

Се покануваат граѓаните да ја искажат својата хуманост дарувајќи ја драгоцената течност на оваа крводарителска акција.

OhridNews