Во сабота, со почеток во 19 часот, во селото Куратица, ќе се одржи манифестацијата “ Курајчки средби 2011”. За забавата ќе се погрижат групата “ Селект бенд” и Елена Велевска.

Манифестацијата се организира токму во летниот период, кога во селото престојуваат голем број некогашни жители кои пред години заминале далеку од своето родно село.


Повторното видување, особено престојот на својата родна грутка, причинува посебно чувство кај секој кој почуствувал како е да се биде далеку од неа. Средбите со својот роден крај се непроценливи, тие оставаат силен впечаток на една незаборавна и неповторлива трага во животот на секој човек, велат организаторите на манифестацијата, членовите на Месната заедница од село Куратица, кои ветуваат убава и незаборавна вечер.

Селото Куратица се наоѓа на 1.100 метри надморска височина. Некогаш броело над 1000 жители, а сега 300 постојани жители.

OhridNews