Во сабота, 22- ри март, во Охрид ќе започне со работа канцеларијата на општинската организација на Алијансата за позитивна Македонија.
По тој повод во канцеларијата која се наоѓа на вториот кат од ТЦ Амам, со почеток во 20 часот, ќе се одржи пригодна свеченост на која ќе присуствуваат членови на партијата, гости и дел од раководството, меѓу кои претседателот Љупчо Зиков, претседателот на советот Минчо Јорданов и проф. Владо Бучковски, претседател на ГО на Алијансата за позитивна Македонија.












