Хит преставата „Чекајќи го министерот”, во која игра познатата српска глумица Лидија Вукичевиќ, во сабота, 29-ти февруари, ќе гостува на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Актерката Лидија Вуќичевиќ е познат лик од култните серии „Бољи живот”, ,,Жикина династија“ и уште многу други големи тв, филмски и театарски проекти. Покрај Вукичевиќ, во претставата играат младите и популарни актери: Семир Гигиќ и Сашо Ристовски.

Почеток на претставата е во 20.00 часот, цена на билет 150 денари. Телефон за резервации 046/261-063

Ohridnews