На репертоарот на охридскиот Народен Театар, во сабота, 6- ти април, е претставата „Полицајци“,  во режија и адаптација на Андреј Цветановски, а  според текст на Славомир Мрожек.

Во претставата играат: Шеф на Полиција – Никола Тодороски, Наредникот – Валентин Костадиновски, Затвореникот – Стрезо Стаматовски, Генералот – Ивица Цонев, Жената на наредникот – Адријана Билаловиќ, Регентот – Горан Стојаноски, Полицајци – Никола Ристески, Игор Георгиоски, Владимир Ристески, Катерина Петреска.

Почетокот на претставата  „Полицајци“ е во 20.00 часот.

Цена на билетот е 100 денари, а може а се набави на билетарата на Центарот за култура, секој ден по 15 часот.

OhridNews