На 15-ти јули, сабота, ќе се изврши преосветување на манастирскиот храм „Пресвета Богородица Заумска“ во Трпејца, информираат од Македонската православна црква – Охридска архиепископија односно Дебарско – кичевската епархија Охрид.
Ќе биде одржана утрена богослужба во 8 часот, додека од 9 часот започнува преосветувањето на манастирскиот храм „Пресвета Богородица Заумска“. Во 10 часот ќе биде отслужена света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски, Плаошко-струшки и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј во сослужение на Митрополитот Европски г.Пимен, велат во соопштението.
Воедно ги повикуваат православните верници кои сакаат да присуствуваат на преосветувањето дека има организиран превоз од селото Трпејца и со бродот „Александрија 2“ од градското пристаниште.
Билети по симболична цена од 200 денари ќе можат да се набават во петок по 17 часот на градско пристаниште, а во сабота бродот тргнува во 7 часот.
OhridNews
фото. Архива