Сабота, 23- ти февруари, во Хотел Дрим-Струга со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се изврши промоција на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Струга, д-р Владимир Кочоски.

Како што информираат од ОК на ВМРО- ДПМНЕ, на промоцијата ќе се изврши и претставување на кандидатите за советници.

За градоначалничката функција во Струга, освен кандидатот од ВМРО ДПМНЕ, во трка се и кандидатите на ДУИ – Арбен Лабеништа и од ДПА, Зијадин Селја.

OhridNews