Со црковни церемонии претстојниот викенд во Охрид ќе биде востоличен новиот Митрополит на Дебарско – кичевската епархија Георгиј. По тој повод Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, ги повикува верниците да земете молитвено учество во големите и настани.
На 12 јулим сабота, во манастирот „Св. Климент Охридски и св. вмч. Пантелејмон“ на Плаошник, во Охрид, со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи наречение на новоизбраниот архијереј Дебарско-кичевски, архимандритот Георгиј. Во недела, 13, јули, во катедралниот храм на Охридските Архиепископи „Света Софија“ во Охрид, со почеток во 8:30 часот, ќе се одржи божествена литургија со хиротонија и Востоличување на новиот Митрополит Георгиј.
Овие благословени собитија се од непроценлива важност за сета полнота на нашата Света Македонска Црква. Затоа, да се обединиме во молитва, за еднодушно да Го прославиме Христа – нашиот Господ и Спасител! – порачуваат од Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.
OhridNews