Во сабота, 1 август, со почеток во 20:30 часот на Песочна плажа во центарот на Пештани ќе биде свеченото отворено „Културно лето Пештани 2026“, манифестација која веќе осум години ги негува културните вредности, традицијата и уметноста во Пештани.

Повелете заедно да го означиме почетокот на уште едно незаборавно културно лето исполнето со уметност, музика и прекрасна атмосфера покрај Охридското Езеро, велат од Општина Охрид.

Во рамки на манифестацијата од 2 до 6 август, на истата локација, ќе се одржува и настанот „Сликање на зајдисонце“, секој ден со почеток од 17:00 часот, каде љубителите на уметноста ќе имаат можност да создаваат инспирирани од едни од најубавите зајдисонца на Охридското Езеро.

OhridNews