Според најновите податоци од Центарот за управување со кризи, дел од струшките села, по последните врнежи од снег,  висината на снежната покривка изнесува над еден метар.

Дел од патиштата кои водат до планинските села во струшко и понатаму се непроодни. Меѓу нив се патните правци кон селата Горна Белица, Модрич и Дренок, а не е прооден и патниот правец Пискупштина – Нерези, информираат од ЦУК.

Сообраќајот на останатите патни правци во општина Струга и општина Вевчани се одвива отежнато.

OhridNews