Пронајдено починато машко лице во с.Лескоец.

На 03.09.2021 во 14,20 часот во СВР Охрид било пријавено дека во с.Лескоец на место викано „Горно Трно“ било пронајдено починато машко лице на возраст од околу 75-80 години. Од страна на лекар од Итната медицинска помош Охрид констатирана била смрт, без видливи траги на насилство. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

OhridNews