Во втората половина на идниот месец ќе биде објавен седмиот јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од ИПАРД Програмата за периодот 2007-2013 година.

Огласот ќе трае 45 дена од денот на објавување на Јавниот повик во дневните весници.

Финансиските средства од јавниот повик се наменети за Мерка 101 – Инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за постигнување на стандардите на ЕУ, Мерка 103 – Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибни производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување стандардите на Европската Унија и Мерка 302 – Диверзификација и развој на руралните економски активности.

OhridNews