На 04.09.2025 година од 00 до 07 часот, на подрачјето на охридското село Шипокно, ќе се одржи регионална обука за зајакнување на капацитетите на полициските тимови кои работат со службени кучиња.

Целта на обуката е јакнење на капацитетите на припадниците на единицата за службени кучиња во управување и работа со службени кучиња при мисии и операции на тешко пристапен терен. Оваа активност, ќе значи зголемување на професионалноста, ефективноста и на целокупната оперативна подготвеност на припадниците на единицата за службени кучиња, во процесот на планирање и ефикасно спроведување на мерките за потрага по лица и предмети на тешко пристапните терени, информираат од СВР Охрид.

Регионалната обука е во рамките на проектот „Поддршка на националните власти на РСМ во намалувањето на ризикот од пролиферација и злоупотреба на малото и лесно оружје“, а учесници се полициски службеници-водичи на службени кучиња од министерствата за внатрешни работи на Македонија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија.

Проектот, се имплементира во соработка со мисијата на ОБСЕ во Македонија и германската федерална асоцијација за спасување со кучиња.

OhridNews