Шкотските тинејџери обвинети за полесни кривични дела, како што се вандализмот или малтретирање на свои другари, би можеле наскоро да одговараат пред порота составена од нивни врсници.

Предлогот е поднесен со оглед на слични судови кои веќе постојат во Америка.

Додека едни критикуваат и идејата ја сметаат за крајно неодговорна, други мислат дека тоа претставува нешто вредно што мора да се испроба.


„Понекогаш младите луѓе можат да ги укорат младите престапници на начин на кој судиите, адвокатите и социјалните работници не се во состојба тоа да го направат“, кажува адвокатот Џон Скот.

Сеуште се разработуваат деталите на предлогот како што е опсегот на годините и начинот на кој децата од различни општествени средини ќе бидат ангажирани како поротници.

Младите поротници би имале обука од неколку недели пред сослушување на доказите, а помеѓу казните кои ќе можат да ги изречат се поправка на нанесена штета, пишување писма за извинување и лично извинување на жртвите.