Од МВР со детали околу синоќешнат аголема полициска акција во Скопје и околината. Откриваат дека во акцијата сузбиена е организирана криминална група инволвирана во организирање на набавка на наркотична дрога – кокаин, и нејзина дистирибуција и продажба на повеќе различни локации во Скопје и други градови во државата. Во текот на денот ќе бидат поднесени четири кривични пријави-за две лица од населбата Ченто, едно од Арачиново и едно од Чаир.
Организираната криминална група била со дефинирана строга хиерархиска поставеност, која се занимавала со набавка на поголема количина кокаин, кој бил препакуван, мешан и продаван на корисници на подрачјето на Град Скопје.
Исто така, за криминалната група било утврдено дека во текот на своето делувување вршела коруптивни дејствија заради добивање податоци за мерките кои ги презема МВР кон членовите на ОКГ, како и за добивање корисни информации за конкретни судски постапки кои се водат против нив. Преку продажбата на кокаин, овие лица се стекнале со големи износи на парични средства, кои ги инвестирале во купување на луксузни моторни возила, станови и изградба на куќи. Документирано е и дека оваа група во текот на своето делување користела насилство и закани кон лица-корисници на кокаин, кои навремено не плаќале за набавениот кокаин.
Операцијата оптпочнала во момент кога лидерот на криминалната група се обидел да ја напушти државата, а лишен од слобота бил на меѓународниот аеродром “Скопје“, со поголема количина на парични средства. Исто така од слобода беа лишени уште две лица членови на групата, а по едно се трага. Еден од членовите на групата беше лишен од слобода во текот на ноќта при обид за бегство од лишување од слобода во неговиот дом.
Од извршените претреси пронајдени и привремено одземени се: кокаин, парични средства, луксузни патнички возила, оружје.