Како што информираат од МВР во сообраќајната незгода која се случи вчеравечер во 18 часот,  на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај село Мешеишта, учествувале две патнички моторни возила „сузуки свифт“ управувано  од Пере К.(69) од Охрид  и  „форд мондео“ управувано од М.М.(25) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Сузуки“, Пере К., кој бил пренесен во охридската Општа болница каде им подлегнал на повредите.

Повредени биле и двата сопатника од возилото со скопски регистарски таблици, едниот со потешки, а другиот со полесни повреди, кои по укажана лекарска помош во болницата „Свети Еразмо“ се пуштени на домашно лекување.

OhridNews