Попладнево во Македонија речиси истовремено се одржуваат два големи народни собири.
Едниот е големиот марш за европска Македонија, кој е дел од кампањата Излези ЗА европска Македонија и се одржува во Скопје, а на кој меѓу првите пред присутните се обрати новинарот Томислав Кежаровски.
Маршот тргна од „Даре Џамбаз“, а ќе заврши пред канцеларијата на Европската унија во Скопје, односно ЕУ Инфо Центарот.
Во Штип се одвива голем протест организиран од страна на ВМРО ДПМНЕ и на кој се обрати претседателот на партијата, Христијан Мицкоски. Пораката упатена од присутните до власта е- Секогаш Македонија, никогаш Северна.
OhridNews