По повод празникот Велигден, во недела, 16 април, во Велгошти ќе се одржи културен хепенинг во организација на КУД „Илинден“, ансамбл „Филигран“, организацијата на жени од Велгошти и Месната заедница од истото населено место. Ќе бидат изведени традиционални ора и песни од богатата македонска фолклорна ризница.

Предвидено е настанот во недела, да се одржи во близина на црквата Св. Петка, во 11 часот. Доколку временските услови не дозволуваат тоа да се случи на отворен простор, настанот ќе биде префрлен во спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти, информира организаторот.

Воедно, оганизаторите ги покануваат љубителите на народната песна и оро да бидат дел од оваа манифестација.

Г.М.