Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 20-годишно лице од прилепското село Ропотово.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, пријавениот на повеќе лица од Битола, Кавадарци, Велес  и Охрид им продавал опојна дрога марихуана и им овозможил нејзино користење  во неговата интернатска соба.

OhridNews