Извештајот на Советот на јавните обвинители за почнување постапка за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, е доставен до собранието.
Се очекува претседателот на собраниската Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски, да ја закаже седницата на која ќе се одлучува за Потребна е согласност од партиите и комисијата за да се предложи разрешувањето на Јанева.
Претходно, Советот на јавни обвинители едногласно одлучи дека се исполнети условите за почнување постапка за разрешување на Катица Јанева од челната функција во специјалното јавно обвинителство.