Во Солун утре се очекува да продолжи судењето по поднесеното барање за екстрадиција на бегалците Горан Грујевски и Никола Бошковски, кое минатата недела беше прекинато поради истекот на временскиот период предвиден за рочиштето.

Грујевски и Бошковски се обвинети од СЈО за предметот „Тврдина и Таргет“. Двајцата беа уапсени од страна на грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври годинава, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта.

OhridNews