На 18.08.2023 во 06.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид–с.Подмоље, во близина на болницата „Св.Еразмо“, 49 годишно лице од с.Октиси, струшко, управувајќи патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

OhridNews