На улицата „Егејска“ во Охрид, вчера, во 14.15 часот, се случила сообраќајна незгода во која учествувавле товарно моторно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 35-годишно лице и велосипед управуван од 55-годишно лице, и двајцата од Охрид.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кој бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.
OhridNews












