На улицата „Железничка“ во Охрид, вчера, во 14.20 часот, патничко возило „пежо“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 33-годишен охриѓанец удрило во пешак- 62-годишна жена од охридското село Велгошти.

Во незгодата жената се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Општата болница Охрид за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

OhridNews