На локалниот пат за струшкото село Долна Белица, вчера, околу пладне, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од 77-годишно лице од Велешта и патничко возило „мерцедес“, управувано од 21-годишно лице од село Октиси.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот од Октиси, а со телесни повреди се здобиле и другиот возач кој учествувал во незгодата, како и две сопатнички.

Повредените се пренесени во Медицинскиот центар во Струга и болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Струга.