На магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на месноста викана „Прентов мост“, вчера во 15.05 часот, се случила сообраќајна незгода во која 73-годишен охриѓанец, управувајќи товарно моторно возило „Фиат скудо“, со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“. Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Охрид.

OhridNews