На улицата „Радојца Новичиќ“ во Охрид, вчера, околу 17.50 часот, се случила сообраќајна незгода во која тешко е повредено едно лице. До сообраќајната незгода дошло кога трактор „Ландини“ без регистарски ознаки, управуван од 20-годишно лице од село Долно Лакочереј, удрил во велосипед, управуван од 69-годишна жена од Охрид, по што го напуштил местото.

Од ударот жената се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во болницата „Св.Еразмо“.

По преземени мерки возачот на тракторот бил пронајден и приведен. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

OhridNews