На крстосницата од магистралниот пат Подмолје-Ќафасан со улица „Мислешевски пат“, вчера, во 18.15 часот, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „застава југо“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 47-годишно лице од село Волино, општина Дебарца и патничко возило „фолксваген амарок“, со германски национални ознаки, управувано од 20-годишно лице од Германија.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „југо-застава“ кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Струга.

OridNews