Стружаните С.Стефановски (55) и В.Стефановски (75) загинале во тешка сообраќајна несреќа, која што се случила вчера попладне на патниот правец Тирана-Елбасан, на превојот Краба во Албанија. При несреќата повредени биле  М.С.(13), Ф.С.(10) и М.Матовски(31). Тие биле хоспитализирани во хирушкото одделение на болницата во Елбасан.

Според вестите во Албанските медиуми, патниците се превезувале во автомобил, марка Ланд Ровер, со американски регистарски таблички, кој поради  влажниот коловоз излетал од патот и паднал во провалија. Според информации од албанското МВР, семејството Стефаноски, живееле во Америка но биле со  струшко потекло.

OhridNews