Во незгодата учествувале две патнички возила, од кои едното такси возило, чиј возач се здобил со тешки телесни повреди, додека пак неговата 31- годишна сопатничка со лесни повреди. Со лесни телесни повреди се здобил и возачот од другото возило.
Повредените се пренесени во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, каде им е укажана лекарска помош.
Извршен е увид на лице место и се утврдуваат причините поради кои дошло до сообраќајната незгода.