Во сообраќајна незгода што денес во 7 часот и 20 минути се случила на улицата „Туристичка“ во Струга, едно лице се здобило со тешки телесни повреди.
76- годишниот А.Л. од Струга бил тешко повреден поради непрописно движење и задржување на коловозот, при што дошло до удар од патничко моторно возило марка „Голф“ со струшки регистарски таблици управувано од 37- годишно лице од струшкото село Теферич, кое по улицата се движело со неприлагодена брзина.
Повредениот во бессознание веднаш бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде е задржан на понатамошно лекување.
На местото на тешката сообраќајна незгода, извршен е увид во присуство на истражен судија и јавен обвинител како и полициски екипи од полициската станица во Струга. Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Струга презема дополнителни мерки за целосно расветлување на овој настан.
OhridNews