Попладнево на пресекот на булеварот „Туристичка“ и улицата „Бистрица“ се случи сообраќајна незгода во која учествуваа патничко моторно возило Мерцедес со швајцарски регистарски таблици и велосипедист од Охрид.

– Во сообраќајната незгода повреден е велосипедистот кој се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен на лекување во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, но е вон животна опасност, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Извршен е увид со цел да се утврдат причините поради кои дошло до сообраќајната незгода.

OhridNews