Во селото Мешеишта, вчера, во 14.30 часот, на локалниот пат во центарот на селото, возило „Лада 110“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 53-годишен жител од селото, удрило во ограда од објектот на селското бифе.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот кој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“, од каде е препратен во Клинички центар Скопје на клиниката за  Трауматологија.

Увид извршила екипа од Полициска станица -Охрид.

OhridNews